ПОЧЕТНА

RURAL LAB-Y е проект на Европската Групација за Територијална Соработка Duero-Douro, поддржан од Еразмус+, Клучна Акција 2 ( Соработка за иновации и размена на добри практики).

ВАШЕТО УЧЕСТВО ПРЕТСТАВУВА ВАЖНА ДОПОЛНИТЕЛНА ВРЕДНОСТ¡СИТЕ НИЕ СМЕ RURAL LAB-Y!

ЦЕЛИ

  • Да се промовира критичкиот дух на Европската рурална територија.
  • Зајакнување на мотивацијата и учеството на млади луѓе , преку структура за граѓанско учество што ќе води до креирање на Дигитална Платформа.
  • Промовирање на простори за обука и размена на Добри Рурални Практки во различни области на активност: рурален развој, ревалоризација на ендогени ресурси, наследство и култура, претприемништво, само-вработување и младински здруженија.
  • Споделување на иновативни и кретивни техники, методи и стратегии, вклучувајќи примена на ИКТ.
  • Генерирање на динамични групи во рурално опкружување и долгорочно промовирање на синергии.
  • Вклучување на други социјални групи на територијата (стари лица, лица со посебни потреби, жени во ситуации на социјална исклученост, итн.), како и персонал од други субјети кои соработуваат.
  • Размена на граѓански, културни и социјални искуства.
  • Промовирање на културниот идентитет на луѓето од Европа од рурални средини на иновативен начин и генерирање на активности со големо социјално влијание.
  • Да се вреднуваат традициите и народните обичаи на Европските рурални народи како извор за развој и еден начин да се утврди младата популација.

Интернет состанок, соработка и размена на искуства и добри рурални практики меѓу учесниците

Територијата каде што се движи европската рурална младина, која се карактеризира со стареење на популацијата, недостаток на перспективи за иднината и демотивацијата, предизвикани од социјални и културни причини, го отежнува воспоставувањето на еднакви односи, гарантирање на долгорочна стабилност на работата.
Со оглед на ваквата состојба, Лабораторијата за креативни и рурални идеи за „млади“ (RURAL LAB-Y) има за цел да промовира мрежа на контакти, соработка, размена на идеи, искуства и добри практики меѓу учесниците, преку процес што е жив и во постојан развој.
СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ

СТОЛБОВИ НА ПРОЕКТОТ

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО РУРАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Локалните ресурси, материјалното и нематеријалното наследство, животната средина и традиционалните начини на живот се елементи кои особено ги карактеризираат руралните области и ги прават уникатни простори. Во овој проект, учесниците ќе имаат можност да истражуваат и експериментираат со диференцирање на идеи за територијата и да ги претворат во жива лабораторија, на континуиран и динамичен процес.

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МРЕЖИТЕ ЗА СОРАБОТКА

Овој проект овозможува споделување на атрактивни и иновативни ресурси и методологии кои претставуваат различни социјални групи, агенти и професионалци во нивната секојдневна практика, што генерира сопствен развој на проектот, искористувајќи ја предноста на можностите што ги нуди неформалното образование, промовирајќи ја размената на идеи и добри практики кај сите учесници вклучени во овој проект, преку мрежа на физичка и виртуелна соработка, на транснационално ниво.

ПОДДРШКА НА МАЛИ ИНИЦИЈАТИВИ

Промовирање на претприемништво и самовработување во руралните области, овозможувајќи анализа на различни предлози, можности за промени, одржливост, социјално влијание, итн., преку атрактивни младински предлози.
Целта е да се промовира создавање на нови бизнис модели кои вклучуваат синергии преку трансфер на технологија и развој на иновативни стратегии, засновани на флексибилна и отворена методологија.

Se trata de favorecer la creación de nuevos modelos de negocio que incorporen sinergias a través de la transferencia tecnológica y el desarrollo de estrategias novedosas; a partir de una metodología flexible y abierta.

ОБУКА И МОБИЛНОСТ

Им нуди на учесниците можност да споделат искуства и искуства „со“ и „од“ други, како и да ја анализираат социјалната реалност на нивните заедници, да ја прикажат и споредат со другите актери и врснички групи, да го покажат својот културен идентитет и да учат за други Европски реалности. Темите за внимание и интерес на промотор групата ќе бидат адресирани, земајќи ги во предвид нивните потреби, интереси и мотивации; предизвикувачките јазични, географски, социјални, економски, политички и културни разлики.

ДИГИТАЛИЗИРАЊЕ

RURAL LAB-Y вклучува Дигитална Платформа за рурални идеи и иницијативи, за дисеминација на информации, подготовка на прирачници за онлине пристап за Добри Практики, размена на стратегии за обука, развој на претприемнички идеи, барање на инвеститор, меѓу другите теми бизнис обука, зајакнување на креативност, експериментирање и зајакнување на развој на вештини, што доплонително ќе вклучи учесници во Европските рурални средини.