АКТИВНОСТИ

Програмата за активности на RURAL LAB-Y, меѓу другите активности, вклучува и транснационални состаноци со партнерските организации, со цел да се справиме со аспекти поврзани со презентација и координација на проектот, а од друга страна, вклучува краткорочни активности за обука на персоналот во младинското поле.

СОСТАНОЦИ

Има два транснационални состаноци што треба да се одржат на територијата на Португалија и Шпанија во текот на годините 2019 и 2020 година, во кои ќе учествуваат 9 младински работници (1 по земја партнер), на возраст од 18-30 години.
Основната цел на овие состаноци е да се поттикне заедничко управување помеѓу субјектите, учесниците и социјалните актери, да се постават темелите на проектот, да се промовира Мрежата за Физичка Соработка и соодветните услови за создавање на RURAL LAB-Y дигитална платформа, преку експериментирање, размена на идеи, искуства и иновативни активности за обука. За ова, ќе биде достапна неформална структура за да се соберат предлози, ресурси и да се фаворизира подготовка на материјали за Добри Рурални Практики, со што ќе се овозможи заедничката цел на проектот да ги идентификува најрелевантните рурални потреби, поврзани со употреба на ендогени ресурси, зајакнување на врската до овие простори и поттикнување на младинско здружување. Станува збор за размислување за дејствување, одлучување, учество, размена на идеи, учење, создавање, соработка и зајакнување на руралното опкружување.

ПРВ СОСТАНОК

На првата средба што ќе се одржи во Шпанија на почетокот на 2019 година, покрај елаборирање и детализирање на подготвителните аспекти за координација, управување, следење и оценување на проектот, меѓу другото, создавање на Извештај за младински предлози “Транснационални решенија за глобални прашања”, кои ќе вклучуваат придонес од учесниците преку онлајн проектен форум. Последователно, предлозите ќе бидат дисеминирани преку јавен форум, истакнувајќи ги оние што привлекуваат поголем интерес, иновации и креативност, со крајна цел да се соберат во еден документ.

ВТОР СОСТАНОК

На вториот состанок што ќе се одржи на територијата на Португалија на почетокот на 2020 година, ќе бидат презентирани младинските предлози кои имаат највисок резултат, да бидат вклучени и прилагодени на работната програма, покрај размената на впечатоци и коментари во врска со добиените резултати.

Фотографии од првата средба

ОБУКА

Оваа обука, наречена „Работилница за Креативност и Менторство“, ќе се одржи во Шпанија на крајот на 2019 година, на која ќе учествуваат 9 младински работници (1 учесник од организација), на возраст меѓу 18 и 30 години.

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СУБЈЕКТИТЕ КОИ УЧЕСТВУВААТ

Цели, заеднички корисници, област на активност, активности, програми и проекти

СТУДИСКА ПОСЕТА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА КООРДИНАТОР

Претставување на подрачјето на влијание на EGTC Duero-Douro, конкретно на португалска територија, неговите карактеристики и особености, споделување на ставови и анализа на заедничкиот план за работа. При оваа посета, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со имплементираните проекти од страна на Duero-Douro EGTC, како и со тековните проекти.

СЕМИНАРИ ЗА ДЕБАТА "ОД ТЕБЕ ЗА ТЕБЕ"

На овие семинари, ќе бидат изразени потребите на земјите учеснички, во институционална перспектива, со цел за валоризација и вклучување во проектот.

КУРС БРЕНДИРАЊЕ И ИДЕНТИТЕТ

Станува збор за развој на атрактивни професионални понуди, продлабочување на создавањето професионален бренд, форми на професионално диференцирање, доверба и хармонија за зголемување на вредноста на некој производ или услуга, стратегија за постигнување на резултати и цели, видливост преку план за онлајн комуникација (социјални мрежи , блог, бизнис веб) и офлајн (активности за вмрежување, учество на медиуми, конгреси, конференции…).

КУРС ЗА ИНОВАЦИЈА И ВРАБОТУВАЊЕ

На персоналот кој што учествува ќе му се обезбеди сет на алатки за информирање и помагање на младите луѓе во нивниот процес на самовработување, помагајќи им да управуваат со нивната секојдневна пракса на поефикасен и продуктивен начин.

Од една страна, намерата е обуките да ги обучат вклучените професионалци и да им овозможат нови иновативни концепти, методи и педагошки стратегии, покрај тоа што претставуваат можност за дијалог и експериментирање; фаворизирање на активна вклученост на младите од Европски рурални средини. .

 

 

Contact Us

 

Plaza Egido 37173. Trabanca. Salamanca

Call Us (+34) 923 14 15 04

duero-douro@duero-douro.com